logo

logo

Извоз на овошје

Агромедика се занимава со извоз на повеќе сорти од надалеку познатото и признато Преспанско Јаболко. Имаме голем број на кооперанти кои не снабдуваат со преспански јаболка од прва класа соодветни за извоз на пазарот, квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Во нашите дејности поврзани со извозот на јаболката спаѓаат:

Сортирање 

Пакување (во различен тип на амбалажи според барањата на коминтетот и купувачот и според прописите и нормите на Европска Унија).

Јаболката ги пакуваме  во картонски бели амбалажи (дворедни и троредни), картонски амбалажи од 13 кг а исто така во дрвени амбалажи, се според потреби на клиентот.

Транспортирање (нудиме сигурен и безбеден транспорт до различни места на растовар, транспортот се одвива според регулативите и правилата на Европска Унија) .

Ние сме во можност да Ви ги понудиме следните сорти за извоз:

Ајдарет - Ајдаредот е цврсто јаболко со бело ткиво, кисело и сочно. Заради ова особено се користи во кулинарството. Се бере од крајот на септември до средината на октомври. Отпорно и трајно е сè до крајот на јануари, а соодветно складирано, може да трае и до јуни.
Муцу - Има сладок и свеж вкус. Плодовите имаат зеленикаво-жолта боја и обично се големи.
Црвен делишес - Плодовите му се крупни до многу крупни, тркалезни. Зрее во втората декада од септември, до почетокот од октомври.
Златен делишес - Златниот Делишес е големо, жолто јаболко со изразена лупка и многу слатко по вкус. Зрее многу доцна. Плодовите му се средно големи, тркалезни. Зрее од втората половина од септември, а може да се чува до крајот на мај.
Јонаголд - Плодот и е тркалезен, чија основна боја е зелена до жолта, а дополнителната -црвена. Зрее во првата половина од септември. Во нормални услови, поднесува долго чување.
Грени смит - Јаболката „Грени Смит" се зелени со светлозелени пеги, иако некои можат да имаат и розово руменило. Тие се рскави, сочни, кисели јаболка одлични за готвење или јадење директно. Исто така овие се користат во овошни салати заради тоа што потемнуваат побавно од другите видови.
Чадел - Кожата му е жолтеникава, покриени со златно-црвена боја. Месото е слако-кисело, меко и сочно со многу добар квалитет

applebanner

 

biblioteka

biblioteka

kontaktiraj ne

kontakt

linkovi

linkovi