За Агромедика

Агромедика е основана во 2002 год.  Во изминативе години израснавме во една од најреспектабилните компании во својата дејност. Ние од Агромедика Ви стоиме на располагање да Ви помогнеме со нашите услуги во следниве области:

Земјоделска Аптека  

За добивање на високо-квалитетни производи кои ги задоволуваат европските стандарди за здрава храна, потребно е пестицидите кои што се употребуваат за заштита на растенијата, да се оригинални и со гарантиран европски еко-квалитет.
Токму тоа е и целта на нашата аптека: снабдување на производителите со широк асортиман на оригинални препарати за заштита на растенијата, како и со високо-квалитетни органско-минерални ѓубрива од реномирани производители.

Извоз на  Преспанско Јаболко

Агромедика се занимава со извоз на повеќе сорти од надалеку познатото и признато Преспанско Јаболко. Имаме голем број на кооперанти кои не снабдуваат со преспански јаболка од прва класа соодветни за извоз на пазарот. Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Производство на Јаболка

Агромедика на сопствените плантажи од 8 хектари по најсовремени стандарди на производство, ги одгледува и произведува сите висококвалитетни сорти на јаболка.

Авто Салон

Агромедика е единствен овластен продавач во Ресен на еден од најдобрите производители на автомобили во светот Hyundai. Во новоизградениот модерен Автосалон можете да ги најдете сите модели на возила од програмата на Hyundai.

Избери Јазик

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)Čeština (Česká republika)Polish (Poland)

biblioteka

kontakt

linkovi